Ова се најшокантните фустани од црвениот тепих во Венеција: Познатите дами прошетаа голи, а светската јавност остана фрапирана (фото)

Од утре (30.08.) започнува Венецискиот филмски фестивал – јубилејни осумдесетти. Филмот секако е во преден план, но и модата не заостанува, бидејќи црвениот тепих на овој настан е местото каде што може да се видат некои од највпечатливите фустани од светската сцена.

Многубројните презентирани изданија се паметат дури и како култни, а имаше и доста модни шокови. Со оглед на медиумското внимание што го придружува фестивалот – и тие аутфити беа добро прифатени.

На филмскиот фестивал во Венеција, Кејт Бланшет и Џулијан Мур неколку пати беа најдобро облечени гости, како примери за софистицираност и гламур (Џулијан не бега од модни провокации и е многу вешта и на тоа поле).

На црвениот тепих секако имаше многу ѕвезди како Кетрин Денев, Џејми Ли Кертис и Жилиет Бинош.

Претходните години меѓу гостите беа и Амал и Џорџ Клуни кои пристигнаа во Венеција. Водителка на свеченото отворање и затворање на фестивалот ќе биде Катерина Морино, која денеска беше на конференција во овој италијански град.

Лејди Гага успеа да биде најгламурозната и најпровокативно облечената гостинка. Најпознатите модели како Адријана Лима и Ирина Шајк секогаш шетаат на црвениот тепих. Добредојдени се и дизајнерски имиња како Донатела Версаче.

Венеција е и местото каде што видовме бројни познати парови, од кои некои станаа поранешни, како Тина Кунаки и Винсент Касел. Добредојдена гостинка на фестивалот е и Моника Белучи – да додадеме.

Најпредизвикувачките изданија се секако таканаречените ,,голи фустани” – со огромни шлицови. Беа дадени голем број коментари за аутфитите, а веќе со години се шпекулира дека тие биле тотално промашување.