ОВА СЕ НЕМА СЛУЧЕНО ЦЕЛИ 50 ГОДИНИ – Одмаздата е на пат: Израелците за само 48 часа мобилизирале 300.000 војници
Израелската Армија за краток временски период успеа да мобилизира околу 360.000 резервисти. Ова е најголемата мобилизација во Израел од војната во Јом Кипур во 1973 година, кога беа мобилизирани 400.000 резервисти по ненадејниот арапски напад предводен од Египет и Сирија.
„За 48 часа мобилизиравме 300.000 резервисти“, се пофали во понеделникот портпаролот на израелската Армија.
Во овој поглед, израелските одбранбени сили (ИДФ) се неспоредливи со остатокот од светот, коментира воениот аналитичар Франц-Штефан Гади. Околу четири отсто од населението во земјата од 9,8 милиони било повикано на служба, од кои многумина се вратиле од странство поради повикот за војна, пишува The Washington Post.
Некои волонтираа, иако беа над старосната граница за мобилизација.
„Ги изгубив татко ми, вујко ми и братучед ми во војната во Јом Кипур“, изјавил за The Washington Post познат бизнисмен од Тел Авив, Ноам Ланир (56 г.).
Нападот на Хамас во текот на ноќта ги избриша политичките разлики: Ноам Ланир сега е еден од водачите на резервистичката група „Браќа и сестри по оружје“, која протестираше против планот на Владата на Бенјамин Нетанјаху за ограничување на овластувањата на Врховниот суд. Тој го дал својот приватен авион да ги превезе Израелците кои сакаат да се вратат дома од Италија и Грција.
„Го преживеавме Аушвиц, ја преживеавме војната во Јом Кипур. Ќе го преживееме и ова“, вели Ноам Ланир.
Израелците служат задолжителен воен рок од 18-годишна возраст, по што се распоредени во резерва, до 40-годишна возраст. Многу Израелци побрзаа да се вратат дома од странство, а многу авиокомпании ги откажуваат летовите, па цените на билетите вртоглаво пораснаа. На аеродромот во Берлин чекаа неколку десетици Израелци со надеж дека ќе се качат во авион за Тел Авив. Израелската национална авиокомпанија „EL-AL“ објави дека планира дополнителни летови. Во европските земји беа испратени и два транспортни авиони, соопшти Армијата. Летовите се полни, изјавија за новинарите на The Washington Post израелските резервисти кои се враќаат дома од аеродромот во Мајами, кој има директен лет за Тел Авив.
СПОРЕДБА – Моблизиација во Израел // Мобилизација во Русија
Newsweek го споредува Израел со Русија: Израелците мобилизираа рекордни 300.000 резервисти за само 48 часа – подвиг за кој на Русите им требаше повеќе од еден месец, иако на војниците им понудија атрактивна месечна плата од 2.080 долари за едногодишен договор. Откако претседателот Владимир Путин најави делумна мобилизација за војната во Украина, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 21. септември минатата година кажа дека Русија цели кон 300.000 резервисти и поранешни војници – што претставува 0,2 отсто од населението на Русија, значително помалку отколку во Израел. Делумната мобилизација е завршена на 28. октомври 2022 година, соопшти министерот Сергеј Шојгу. Наредбата за делумна мобилизација на Владимир Путин се смета за делумно неуспех, според Newsweek, поради огромниот број Руси кои побегнале во странство. Во деновите по прогласувањето на делумна мобилизација, 370.000 Руси ја напуштија земјата. Помеѓу февруари 2022 година и јули 2023 година, Казахстан беше домаќин на најмногу Руси, по што следат Србија, Ерменија, Турција, членките на ЕУ, Израел, Црна Гора, Грузија и САД, напиша Economist во август.