Ова се новите министри во Владата на Србија: Промени во ресорите образование, земјоделство, трговија, правосудство…
Предлогот на членовите за новата влада пристигна во српското Собрание, изјави претпладнево во гостувањето на телевизија претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.
Таа во утринската програма на ТВ Пинк рече дека министер за финансии ќе остане Синиша Мали, а министер за образование ќе биде Дејан Вук Станковиќ.
– Таа додаде дека повеќе од 50 отсто од новите министри ќе бидат дел од новата влада.
Имено, Брнабиќ рече дека утре во 10 часот ќе закаже седница на која ќе се избере новата Влада, при што изјави дека нов министер за образование ќе биде Дејан Вук Станковиќ, додека министерот за финансии Синиша Мали е најдобриот таков министер во Европа и дека би било „бесмислено да се смени“.
– Во Народното собрание штотуку пристигна предлог за нова влада, почетокот на седницата ќе го закажам за утре во 10, за неколку минути ќе биде проследен до сите пратеници, рече Брнабиќ во програмата.
За Дејан Вук Станковиќ таа рече дека е редовен професор на Универзитетот во Белград, на Факултетот за образование на наставници, дека тоа е „добро решение, човек кој знае образование“.
,,Тој факултет треба посебно да се зајакне за младите да сакаат да се занимаваат со таа професија“, рече Брнабиќ. Таа изјави и дека во новата влада ќе има речиси 50 отсто нови луѓе.
Кандидатот за премиер Ѓуро Мацут денеска до Собранието на Србија достави предлог за состав на Влада на Србија со биографии на предложените членови на Владата.
За прв вицепремиер и министер за финансии беше предложен Синиша Мали, за вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ а за вицепремиер и министер за економија Адријана Месаровиќ.
Драган Гламочиќ е предложен за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сара Павков за министерка за заштита на животната средина, Александра Софронијевиќ за министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура , а Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ за министер за рударство и енергетика .
Јагода Лазаревиќ беше предложена за министер за внатрешна и надворешна трговија , Ненад Вујиќ за министер за правда, Снежана Пауновиќ за министерка за државна администрација и локална самоуправа, а Демо Бериш за министер за човекови и малцински права и социјален дијалог.
Братислав Гашиќ беше предложен за министер за одбрана, Марко Ѓуриќ за министер за надворешни работи , а Немања Старовиќ за министер за евроинтеграции.
За министер за образование е предложен Дејан Вук Станковиќ , за здравство Златибор Лончар, а за труд, вработување, бранители и социјала Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски.
За министер за семејна грижа и демографија е предложена Јелена Жариќ Ковачевиќ, за спорт Зоран Гајиќ, за култура Никола Селаковиќ, а за рурална грижа Милан Кркобабиќ .
Академик Бела Балинт е предложен за министер за наука, технолошки развој и иновации , Хусеин Мемиќ за министер за туризам и млади и Борис Братина за министер за информации и телекомуникации, додека Дарко Глишиќ е предложен за министер за јавни инвестиции.
За министри без ресор беа предложени Новица Тончев, Ѓорѓе Милиќевиќ, Усаме Зукорлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура.