Регулаторната комисија за енергетика денеска објави нови цени на горивата и тие ќе важат неколку денови.
Како што е најавено од РКЕ Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 2,50 денари по литра, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 78,00, а на Екстра лесното масло 77,50 денари за литар.
Поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 43,743 денари.
Аналитичарите проценуваат дека на цените на суровата нафта пресудно влијаеле послабите економски очекувања, кои уште еднаш ја оправдаа позицијата на земјите од ОПЕК + за намалување на понудата.
Промената на понудата најверојатно ќе продолжи во првиот квартал на 2024 година, поради сезонски послабата побарувачка во услови на загриженост за економскиот раст, а целта на ОПЕК + е да ја поддржи стабилноста на пазарот на нафта, според стратезите на банката УБС. Следниот министерски состанок на организацијата на производители на нафта ќе се одржи на 26 ноември во Виена.