Ова се осомничените за убиството на малата Данка: Полицијата донесе еден на местото на злосторството, се јави и братот (фото)

Како што дознава српскиот портал Курир, осомничени за убиството на Данка Илиќ (2) која десет дена ја бараше половина Европа се Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ од село Злот!

Јанковиќ е осомничен дека управувал службено возило од ЈКП Водовод во моментот кога наводно удрил во двегодишно девојче на Бањски пат, додека со него бил Драгијевиќ.

За српски Курир зборуваше и братот на Дејан Далибор кој е во шок.

– Брат ми од вчера е во полиција. Го изнесоа од дома, но ништо не знам, никој ништо не ни кажува! Се надевам и се молам на Бога да не стои зад ова. Чекаме информации – рече братот.

Дејан и Срѓан се колеги и се истражуваат околностите под кои се случило сè.

-Дејан не е женет, од село е, никогаш не правел големи проблеми, но се знае дека сака да пие. Никогаш не мислевме дека ќе биде способен за вакво нешто.

Според соседите, Срѓан е разведен и долго време е вработен во Водовод.

-Се разведе пред околу една година, има син и снаа, а имаат и мало девојче. Има внука, не знам како може да му текне такво нешто, се надевам дека не е вистина – раскажува сосед од Лука.

Српскиот портал Курир вчера ексклузивно ги фотографираше осомничените со инспекторите во Бањско поле.

– Инспекторите ги донеле на местото на злосторството, односно на местото каде најверојатно со своето возило ја прегазиле малата Данка. На сликите се гледа како им покажуваат на инспекторите од каде дошле, каде ја удриле но и каде отишле со нејзиното тело – вели изворот.