Ова се причините поради кои мажите ги привлекуваат постари жени: Никогаш не би ви паднало на памет ова (фото)
Постарите мажи немаат проблем да излегуваат со помлади девојки, а сè почесто се среќаваме со примери каде жената е постара од мажот. Запознавањето со постара жена има многу предности.
Тие имаат широк поглед кон светот
Со годините доаѓа искуството и мудроста, па затоа најчесто избираме постари партнери кога ни треба совет за некои секојдневни проблеми и сомнежи. Тие се оние кои поминале малку повеќе во животот и имаат знаење потребно за да ја сменат нашата перспектива. Постарите жени се пософистицирани од помладите жени, знаат многу повеќе од нив и благодарение на нивното богато искуство, имаат многу повеќе да понудат.
Тие се финансиски обезбедени
Со постарите жени, поголема е веројатноста да немате проблеми кога се во прашање парите. Жени кои имаат кариера заработуваат повеќе од помладите, па финансиите нема да бидат пречка за некои активности што сакате да ги имате со неа.
Таа знае што сака и искрено зборува за тоа
Помладите жени, исто како и мажите, сè уште бараат: што им се допаѓа, што не им се допаѓа, што ги возбудува, што не сакаат од партнерот и така натаму. Постарите жени обично веќе го знаат сето ова. Имаат повеќе животно искуство и знаат што им треба и сакаат, а не се двоумат да му кажат на својот помлад партнер.
Ќе имате за што да разговарате со неа
Разговорите со постара жена ви даваат можност да ги проширите вашите хоризонти. Може да имате позначаен и подлабок разговор со жена на возраст од 35 до 50 години отколку со девојка која има 20 до 25 години и која сè уште ги учи правилата на животот.
Имаат солидно сексуално искуство
Постарите жени носат повеќе искуство кога станува збор за сексот, па веројатно ќе имаат што да ве научат кога е задоволството во прашање. Ако сте заинтересирани да пробате нешто ново и да експериментирате, тогаш постарите жени се идеални за тоа. Можете да сретнете постари жени секаде каде што можете да сретнете помлади жени, но најверојатно ќе најдете на работа, во ресторан или на страница за запознавање.