Многу луѓе не можат да замислат да го започнат денот без кафе, но вишокот на кофеин може да доведе до штетни ефекти, како што се нервоза и забрзан пулс.
Многу луѓе не можат да замислат да го започнат денот без кафе, но надминувањето на количината на кофеин може да доведе до штетни ефекти, како што се нервоза и забрзан пулс. Во тешки случаи, прекумерната потрошувачка на кофеин може да доведе до состојба позната како труење со кофеин или предозирање.
Труењето со кофеин се јавува кога има претерано високо ниво на кофеин во телото, што се манифестира со низа непријатни и потенцијално опасни симптоми, вклучувајќи отежнато дишење и други нарушувања. Експертите предупредуваат дека имало случаи на умирање од труење со кофеин.
Кога се јавува труење со кофеин?
Труењето со кофеин оди подалеку од типичната кофеинска главоболка која се јавува кога претераме и пиеме уште неколку шолји. Препораката за здрави возрасни е да не консумираат повеќе од 400 милиграми кофеин дневно, што е околу четири до пет шолји кафе.
– Конзумирањето нешто повеќе од оваа граница може да доведе до симптоми како што се анксиозност и раздразливост, според нутриционистот Ерин Палински-Ваде, како што пренесува CNN.
Препораката за здрави возрасни е да не консумираат повеќе од 400 милиграми кофеин дневно, што е околу четири до пет шолји кафе.
Сепак, посериозните ефекти поврзани со труење со кофеин обично се јавуваат кога поединецот консумира околу 1.200 милиграми кофеин, што е еквивалентно на приближно 12 шолји кафе. Невролошки симптоми, како што се анксиозност, халуцинации, мигрена, церебрален оток и напади, се документирани во случаи на труење со кофеин. Заздишување е исто така компликација.
Иако ретко, труењето со кофеин може да биде фатално. Повеќето од пријавените смртни случаи се поврзани со пиење апчиња со високи дози на кофеин.