Ова се сите детали од мировниот договор меѓу Израел и Хамас! Договорот ќе стапи на сила на 19 јануари: Шеикот објави што предвидува првата фаза (фото)
Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани одржа прес-конференција во Доха на која потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Договорот ќе стапи на сила во недела на 19 јануари, рече тој.
Прослава на улиците на Тел Авив
– Првата фаза од договорот за прекин на огнот, која ќе трае 42 дена, ќе опфати распоредување на израелски сили долж границата со Газа, рече катарскиот премиер. Како дел од оваа фаза, Хамас ќе ослободи 33 израелски затвореници, меѓу кои и цивили: жени, деца, стари лица и цивили кои се ранети или болни. За возврат, Израел ќе ослободи одреден број затвореници кои се во израелските затвори – додаде тој.
Фазата ќе вклучува враќање на раселените лица во нивните домови и ќе им овозможи на ранетите и болните да патуваат за да добијат медицинска помош. Првата фаза ќе обезбеди и зголемен проток на хуманитарна и друга помош до сите делови на Појасот Газа, како и реконструкција на болници, здравствени центри и пекари. Исто така, ќе се овозможи влез на гориво, опрема за цивилна заштита и основни потреби за раселените лица кои ги загубија своите домови за време на војната.
Во однос на втората и третата фаза, тој рече дека деталите ќе бидат финализирани откако првата фаза ќе биде успешно имплементирана.