Ова се случи првпат во историјата! Фудбалерка со хиџаб играше на СП!

Мароканската репрезентативка Нухаила Бензина е првата фудбалерка во историјата која на Светско првенство настапила со хиџаб.

Бензина носеше хиџаб на натпреварот против Јужна Кореја во кој нејзината репрезентација победи со 1:0.

Да потсетиме, ФИФА ја укина забраната за хиџаб уште во 2014 година.

Претходно, на фудбалерките им беше забрането да носат хиџаб поради страв од повреди на главата и вратот.

Интересно, иако забраната беше укината пред речиси една деценија, 25-годишната Бензина е првата фудбалерка во историјата која избрала да носи хиџаб на натпревар од Светското првенство.