Ова се Србите кои го копаа тунелот во Подгорица: Тие се поврзани со моќна криминална организација (видео)
Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ изјави дека случајот со упадот во депото на Вишиот суд во Подгорица е решен, а имаат докази дека српските државјани Милан Марковиќ (1970), Вељко Марковиќ (1991), Дејан Јовановиќ (1993), Владимир Ериќ (1991), учествувале во копањето на тунелот.
– Го решивме случајот, ги идентификувавме лицата кои го ископаа тунелот. Најголем дел од луѓето доаѓаат од Србија, имаа помошници од Црна Гора – рече Аџиќ на прес-конференцијата.
Тој објави дека во копањето на тунелот учествувале српските државјани Милан Марковиќ (1970), Вељко Марковиќ (1991), Дејан Јовановиќ (1993), Владимир Ериќ (1991).
Како што пренесуваат медиумите, Милан Марковиќ, Вељко Марковиќ и Владимир Ериќ се од Лозница.
– Тие ја напуштија Црна Гора веднаш по извршувањето на делото, што ги спречи властите во Црна Гора да ги приведат – рече Аџиќ, а потоа објави фотографии од осомничените.
Лица поврзани со некој од Вишиот суд
Против четири лица се поднесени кривични пријави и против две сè уште неидентификувани лица.
– Имаме уште пет лица кои учествувале во ова кривично дело, но не сите учествувале во копањето на тунелот – рече Аџиќ, додавајќи дека злосторствата се квалификувани.
Тој вели и дека имаат сознанија дека овие лица се поврзани со некој од Вишиот суд.
-Постои поврзаност меѓу оваа криминална организација и едно лице од Вишиот суд, како и поврзаност со лица во УИКС кои се поврзани со друга криминална организација. Имаме трага што нè води до сторителите на ова злосторство – рече Аџиќ.