Ова се условите на Трамп за договор со Иран! Американскиот претседател им се обрати на арапските лидери, им порача дека ќе биде „географски центар на светот“ (ФОТО, ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денес им се обрати на арапските лидери на состанокот на Советот за соработка на земјите од Персискиот Залив (GCC) во саудискиот главен град Ријад.

– Многумина гледаат на ова со завист – рече Трамп на почетокот од говорот и додаде дека „неверојатни договори се на дофат на овој регион“.

Тој рече дека сака да склучи договор со Иран, но дека условите за тоа да се случи се Техеран „да престане да го спонзорира тероризмот“ и „да не смее да има нуклеарно оружје“.

ursula03 AP Алекс Брендон.jpg

Трамп, исто така, рече дека се надева на иднина за Палестинците исполнета со „безбедност и достоинство“, но додаде дека тоа не може да се случи додека нивните лидери во Појасот Газа продолжуваат со насилство.

Шефот на Белата куќа, исто така, им се заблагодари на арапските лидери за нивната помош во ослободувањето на израелско-американскиот заложник Идан Александар од заробеништвото на Хамас.

Тој, исто така, рече дека за него е „чест“ да ги укине санкциите врз Сирија по разговорот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Тоа ќе биде добра работа – рече Трамп.

102 AP Алекс Брендон.jpg

Американскиот претседател, исто така, рече дека на крајот од неговиот прв мандат, сè на Блискиот Исток било „насочено кон мир“ и дека се надева дека овој напредок сега ќе продолжи.

На крајот од својот говор, тој им рече на арапските лидери дека „целиот свет“ зборува за тоа што тие прават и додаде дека ќе го направат Блискиот Исток „географски центар на светот“, особено пофалувајќи го саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.