ОВА СЕ УШТЕ НЕ ГО ВИДЕЛЕ: Фудбалерите забележале дека судијата е пијан и повикале полиција да „дува“ (ВИДЕО)
Урнебесна комедија.
На фудбалски натпревар од летонската трета лига, судиите биле под дејство на алкохол. Главниот судија Андрис Крастинс и неговиот помошник Сергеј Калмук се опуштиле и испиле уште неколку пијачки пред натпреварот.
Гледајќи што се случува, фудбалерите на двата тима пријавиле сомнително однесување на судијата.
Многу брзо полицијата пристигнала на стадионот и направила алкотест. Констатирано е дека биле под дејство на алкохол и се приведени. Сепак, тоа не беше се.
Фудбалскиот сојуз на Летонија брзо реагираше и судијата им изрече доживотна суспензија на двајцата. Здружението им се заблагодари и на фудбалерите за нивното совесно однесување кое овозможи брзо да се донесе одлуката.