Ова се 4 знаци дека вашиот мозок брзо старее: Лекарите издвојуваат симптоми кои не смеете да ги игнорирате
Мозокот е центар на нашето тело, одговорен за сè, од меморија и расположение до фокусирање и координација.
Исто како и остатокот од телото, мозокот се менува со возраста. Иако одредено когнитивно опаѓање е нормално, некои животни навики, здравствени состојби или надворешни фактори можат да го забрзаат процесот, што доведува до порано проблеми со меморијата и размислувањето.
Всушност, постојат знаци кои може да укажуваат на тоа дека нашиот мозок старее побрзо отколку што треба – и тие често се случуваат многу порано отколку што би очекувале. Затоа лекарите издвоија неколку предупредувачки симптоми кои не треба да ги игнорираме:
1. Импулсивно однесување во средна и постара возраст
Диететичарката Меги Мун истакнува дека еден неочекуван знак за забрзано стареење на мозокот може да биде појавата на импулсивно однесување кај средовечните и постарите луѓе. „Импулсивното однесување на таа возраст може да укажува на забрзано стареење на мозокот, за разлика од претходните години кога тоа е дел од нормалниот развој“, изјави тој за SheFinds.
2. Ослабено критичко размислување
Критичкото размислување вклучува анализа на информации, решавање проблеми, донесување информирани одлуки и проценка на ризикот – вештини кои се од суштинско значење за секојдневниот живот. Како што старее мозокот, особено ако е под стрес поради лошите животни навики или болести, регионите на мозокот одговорни за овие функции – како што е префронталниот кортекс – може да ослабат. “Значајниот пад на вештините за аналитичко и критичко размислување може да ги отежни секојдневните предизвици. Дури и управувањето со домашниот буџет или планирањето неделен распоред, кој порано беше едноставен, сега може да стане проблем. Овие промени исто така можат да влијаат на донесувањето одлуки и да предизвикаат тензија во семејството и работните средини”, вели д-р Мајкл С. Валдез.
3. Намалена когнитивна агилност
Намалената когнитивна агилност е уште еден ран показател за забрзано стареење на мозокот. Тоа се однесува на способноста за брзо префрлање помеѓу задачите, прилагодување на новите информации и брзо реагирање. “Ако е потребно значително подолго време за да се донесат одлуки, да се организираат мисли или да се одговори отколку порано, ова може да укаже на намалена ментална острина. Разговорите може да станат потешки за следење, а донесувањето одлуки значително побавно. Ова може да влијае на самодовербата и да предизвика избегнување на ситуации кои бараат брзи реакции”, истакнува д-р Валдез.
4. Забавување или губење на координацијата
Стејси Рос, експерт за ментално здравје, предупредува дека бавното движење или намалената координација често се занемарени знаци на стареење на мозокот. Иако често ја поврзуваме координацијата со мускулите и зглобовите, движењето е длабоко поврзано со функциите на мозокот – вклучувајќи рамнотежа, моторни вештини, брзина на реакција и ориентација во просторот. Кога ќе се појават проблеми во овие области, тоа може да биде знак за рани промени во здравјето на мозокот.