Ова хоби го практикуваат мажи кои се најпривлечни за жените

Ново истражување покажа кои мажи кои се занимаваат со хоби се најпривлечни за жените. Имено, тоа се мажите кои сакаат да читаат.

„Дејт психологија“ го спроведе споменатото истражување. Беа наведени 74 хобија, а дамите потоа мораа да ги оценат.

Имено, 98,2 проценти од испитаниците изјавиле дека ги сметаат мажите кои сакаат да читаат за најпривлечни. На второ место е учењето странски јазици (95,6 проценти), а на трето место свирењето инструмент (95,4 проценти).

По нив следуваат готвењето (95,1 проценти), обработката на дрво (94,4 проценти), сликањето (94,1 проценти), пишувањето и градинарството (93,8 проценти) и пливањето (92,8 проценти).

Понатаму, 90,5 проценти од жените ги сметаат мажите кои се занимаваат со фотографија и астрономија за привлечни. Тие исто така ги сакаат мажите кои се занимаваат со планинарење (90 проценти), стрелаштво (89,5 проценти), ковачство (88,2 проценти) и патување (87,9 проценти).