“ОВА ЌЕ БИДЕ ЖЕШКА ЕСЕН!“ – Доаѓа голема помош за Украина, порано отколку што се надеваа и самите Украинци: “САД испраќаат моќно оружје!“
Пратеничката во Врховната Рада (украинскиот парламент) Кира Рудик вели дека првиот „сет“ американски тенкови M1A1 Abrams ќе пристигне во Украина оваа есен.
Тоа е далеку пред временската рамка спомната претходно ова лето, кога беше кажано дека M1A1 Abrams нема да пристигне до 2024 година. Но, се чини дека Американците решиле да испратат нешто постари варијанти на овој тенк кои можат да ги испорачаат порано за помош на украинските сили на фронтот.
„Првиот пакет американски M1A1 Abrams беше одобрен за испорака во Украина. Целиот пакет треба да пристигне оваа есен“, вели Кира Рудик, додавајќи дека – „ова ќе биде жешка есен“.
Да потсетиме, Соединетите Американски Држави се обврзаа да донираат вкупно 31 тенк по моќниот тип M1A1 Abrams на Украина.