“ОВДЕ Е ПОЕФТИНО ОД СКОПЈЕ И ОХРИД!“ – Македонците се воодушевени од цените на храната на ова место во Грција: “Гиро за само 4 евра!“
Без разлика каде летуваме или планираме да одиме на одмор, потребно е претходно да се информираме за цените, пред се на храна, пијалоци и сместување.
Од година во година Грција е една од омилените дестинации на Македонците, а годинава цените на некои места се повисоки за приближно десет отсто во однос на претходната година.
Во балканската група „Во живо од Грција“ на социјалната мрежа Фејсбук беше објавена фотографија на која се гледа ценовник од ресторан во Неа Пори. На фотографијата се гледа дека, на пример, плескавица чини 9,50 евра, пилешко филе 9,90, а со сос 10,80 евра, рижото од морски плодови 12,90, салата од рукола 7,90, лигњи 9,50 евра.
„Ако не летувате секоја година во Неа Пори, тогаш немате поим дека овие цени се речиси исти како претходната сезона. Цените се и повеќе од пристапни, а да ви кажам дека за 10-дневен одмор можете да јадете Неа Пори за многу поевтини цени отколку некаде во Скопје“, пишува во првиот коментар на објавата, додека вториот вели: „За мене информацијата дека цената на гирото во Грција е околу четири евра е изненадување!“.
Сепак, еден корисник вели дека е поевтино во Лептокарија, а многу членови велат и тврдат дека во Скопје и Охрид е многу поскапо.
„Овие цени се одлични, бев во Пефкохори и презадоволен сум“, стои во еден од коментарите, а во друг гласи: „Супер пристапни цени, во Охрид е поскапо“, гласат само дел од коментарите под објавата.