ОВДЕ СЕ ЗАБРАНЕТИ АВТОМОБИЛИ: Правилото се менува ако вашиот автомобил чини 146.000 евра, еве зошто (ВИДЕО)

Автомобилите отсекогаш биле премногу гласни и опасни за жителите.

Во Европа има места каде сообраќајот на автомобили е забранет. Едно од тие места е Зермат, светски познат ексклузивен ски-центар со поглед на еден од најпрепознатливите планински врвови во светот, поточно Алпите. Во малото гратче со околу 6.000 жители забранет е сообраќајот на автомобили кои користат фосилни горива за погон.

Автомобилите отсекогаш биле прегласни и опасни за жителите, а бараат и соодветна инфраструктура. Така е и денес, дури и во време кога електричните автомобили стануваат сè попопуларни. Сепак, има знаци на мало опуштање, па заедно со неколку колички низ градот се движат и неколку електрични автомобили.

Градските власти одлучија по градските улици да можат да се движат мали возила со исклучително едноставна конструкција и одржување, а не се бучни. Се разбира, нивниот број строго се следи и мора да се добие дозвола пред да се купи вакво возило. Исто така, тие дозволи првенствено можат да ги добијат такси-службите, хотелите и компаниите за испорака.

Возилата се произведени од локална компанија, а цената е исклучително висока поради рачна изработка и мали серии, а старата понуда е дури 146.000 евра.