ОВИЕ ДЕТАЛИ ЗА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ДЕФИНИТИВНО НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ: НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ ДОЛГО ГИ ЧУВАШЕ ВО ТАЈНОСТ
Актерката Анџелина Џоли е родена во Лос Анџелес, Калифорнија.
Една од најубавите и најпознатите актерки Анџелина Џоли е родена на 4 јуни 1975 година во Лос Анџелес, Калифорнија.
Глумеше во многу филмови, некои од нив се: „Ограбувач на гробници“, „Хакери“, „Љубовта е се на светот“, „Пустинска месечина“, „Диви уши“, „Играње на Бог“, „Минута до бегство“, „Ѓаволска кујна“, „Игра на срца“.
Анџелина во детството се разликувала од своите врсници, а како мала не си играла со кукли, туку собирала ножеви, а имала и гајба и змија за која се грижела.
Анџелина пред неколку години се разведе од актерот Бред Пит, а во една прилика проговори за својот љубовен живот и откри дека долго време била сама, а потоа открила како успева да се грижи за своите деца како самохрана мајка.
– Имам шест многу способни деца. Секако дека се будам и само помислувам: „Морам да се погрижам да се добро. Морам да се погрижам да се психички добро“ – рекла еднаш Анџелина и открила дека и е важно децата да мислат дека е во ред.
Но, искрено, мислам дека пред неколку години се се промени и сега тие мислат: „Морам да се уверам дека мама е добро“.
Актерката потоа откри и колку и значи поддршката од нејзините деца.
– Тие толку добро се грижат за мене, а ние сме таков тим. Па јас сум многу среќна… Да, се грижам. Јас сум секогаш таа што се грижи, но ги обожавам. Тие се кул луѓе – рекла Анџелина