Овие навики ви го уништуваат сексуалниот живот: Многу Македонци живеат со оваа навика, а тоа им ја уништува магијата во креветот
Повеќето луѓе размислуваат за тоа дали имаат проблеми со партнерот или доживуваат многу стрес на работа, но ретко паровите размислуваат за тоа како живеат и колку нивните секојдневни навики влијаат на нивниот живот.
Секогаш е добро да се размислува за подобар сексуален живот бидејќи тоа влијае на квалитетот на бракот или врската, меѓусебната поврзаност, но и го подобрува здравјето. Но, како да се подобри сексуалниот живот и здравјето ?
„Денес, повеќе од кога било, може да се каже дека сексуалниот живот е жртва на животниот стил. Има многу очигледни работи кои придонесуваат за слаб сексуален нагон, како што се премногу стрес и недоволен сон, но има уште неколку за кои вреди да се размислува“, објаснува за HuffPost клиничкиот сексолог и едукатор Лоренс Сигел.
Лоренс Сигел и други експерти објаснуваат кои секојдневни навики влијаат врз создавањето на незадоволителен сексуален живот, а на стресот особено треба да се внимава.