Добриот сон е секогаш неопходен, а многу луѓе, кога не можат да заспијат, се обраќаат кон некаква помош како што е мелатонин, хормон што го нарекуваат „хормон за спиење“.
Сепак, имајќи предвид дека мелатонин е хормон, има многумина кои претпочитаат да избираат природни средства кои обезбедуваат добар сон.
Производството на мелатонин главно се одвива во епифизата, но и во цревата и повеќето клетки во телото. Но, мелатонин, кој се произведува во епифизата, го регулира деноноќниот ритам и циклусот сон-будење.
Некои намирници се богати со соединенија кои го поттикнуваат спиењето, како што се триптофан, магнезиум и мелатонин. Јадењето на овие намирници може да ни помогне да спиеме подобро со природно зголемување на нивото на мелатонин во телото.
Млеко
Чаша топло млеко е добро познат и вообичаен лек за спиење бидејќи млекото е еден од најдобрите диететски извори на мелатонин. Содржи и аминокиселина триптофан, која ја зголемува концентрацијата на мелатонин и серотонин и ни помага полесно да заспиеме.
Ф’стаци
Многу јаткасти плодови како што се индиските ореви и бадемите содржат мелатонин, но ф’стаците имаат најмногу. Ф’стаците се богати и со витамин Б6, кој помага да се претвори триптофан во мелатонин. Тие се одличен извор на влакна, омега 3 масни киселини, кои се поврзани со подобар квалитет на сон, како и антиоксиданси.
Масна риба
Масните риби како лососот и туната не се само храна богата со мелатонин, туку и со витамин Б6, омега 3 масни киселини, магнезиум и витамин Д, од кои сите се важни за регулирање на серотонин, за здрав и добар сон и подобро функционирање на човекот во текот на денот.
Пченка
Без разлика дали уживате во печена или испукана пченка, секоја од нив содржи многу мелатонин. Пченката содржи и триптофан, кој го поттикнува спиењето, како и витамин Ц, антиоксиданси, магнезиум и растителни влакна.