Овие намирници не се препорачуваат да се јадат „на празен стомак“: Тие доведуваат до зголемување на телесната тежина
Појадокот се смета за најважен оброк, а според експертите, одредени намирници за појадок можат да бидат штетни и да доведат до зголемување на телесната тежина ако се консумираат „на празен стомак“.
Имено, овој оброк активира многу метаболички процеси, па затоа е важно да знаете од кои состојки е направен и како тие влијаат на телото. Утринскиот оброк влијае на расположението, па дури и телесната тежина зависи од тоа што јадете наутро.
Поради оваа причина, експертите препорачуваат да пиете чаша топла вода секое утро, како и да избирате протеинска храна.
Покрај тоа, тие советуваат да се избегнуваат кисели сокови од цедено овошје. Ако ги пиете на празен стомак, тие само ќе го зголемат апетитот и маснотиите. Сето ова влијае на процесот на зголемување на телесната тежина. Нутриционистите тврдат дека ако претпочитате „течни оброци“, подобро е да имате зеленчукови смутија за појадок.
Дополнително, колачите за појадок се сметаат за една од најлошите опции.
Големите количини шеќер, масти и пченично брашно го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, што создава лажно чувство на ситост кое брзо поминува. Пецивата „на празен стомак“ само придонесува за прекумерна тежина.