Овие намирници ќе ви помогнат да го забрзате процесот на слабеење: Вклучете ги во вашата исхрана

Хроничното воспаление може да доведе до зголемување на телесната тежина и брз замор, а правилната исхрана може да помогне да се намалат негативните ефекти врз вашето тело.

За ,,Eat this, no that”, диететичарите избраа храна која ефикасно помага во процесот на слабеење. Тие го забрзуваат метаболизмот, го регулираат нивото на шеќер во крвта и го подобруваат здравјето на цревата.

Првата намирница е темното чоколадо, кое е богато со полифеноли кои се борат против оксидативниот стрес и воспалението. Овој вид чоколада ја задоволува желбата за слатки и го подобрува здравјето на срцето. Сепак, неопходно е да се консумира умерено бидејќи темното чоколадо содржи калории и природни шеќери.

Лукот е природна антиинфламаторна и антимикробна храна која го подобрува балансот на цревната микробиота. Оваа храна го поддржува метаболизмот и може да помогне во регулирањето на воспалението.

Авокадото е богато со влакна и мононезаситени масти кои помагаат во регулирањето на апетитот, го подобруваат здравјето на цревата и го намалуваат воспалението.

Исто така, екстра девственото маслиново масло е богато со мононезаситени масти кои имаат антиинфламаторни својства. Замената на нездравите масти со маслиново масло може да го намали воспалението поврзано со зголемување на телесната тежина и да го подобри здравјето на срцето.

Куркумата содржи куркумин, за кој е познато дека го намалува воспалението на молекуларно ниво. Овој зачин го блокира процесот на таложење маснотии и го поддржува метаболизмот.

Јаткастите плодови како оревите, бадемите и ф’стаците се богати со здрави незаситени масти и влакна кои помагаат во рамнотежата на шеќерот во крвта и ја намалуваат желбата за храна. Редовното консумирање јаткасти плодови може да помогне во контролата на апетитот, да ги намали мастите и да го подобри здравјето на срцето.

Спанаќот, кељот и блитвата се богати со влакна, антиоксиданси и витамини кои го намалуваат воспалението. Нивната ниска калорична содржина ги прави идеални за слабеење бидејќи заситуваат без да додаваат дополнителни калории.

Бобинки, како што се боровинки, јагоди и малини, се богати со полифеноли и антоцијани кои помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта и го намалуваат воспалението.

Покрај тоа, масните риби, како што се лососот, сардините и скушата, се богати со омега-3 масни киселини кои ги неутрализираат воспалителните цитокини и ја подобруваат чувствителноста на инсулин. Омега-3 мастите помагаат во намалување на мастите и намалување на нивото на воспаление, што ја прави рибата една од најдобрите намирници за долгорочно губење на тежината и метаболизам.

Зелениот чај исто така го намалува воспалението и го забрзува метаболизмот, како и согорувањето на мастите. Конзумирањето на четири до пет шолји зелен чај дневно, заедно со умерено вежбање, може значително да ја намали тежината, особено во пределот на стомакот. Помага и за подобра контрола на шеќерот во крвта.