Овие пет работи не треба да ги правите после оброк

Луѓето често сакаат да дремнат по оброкот, па за време на викендот се враќаат во кревет по ручекот.

Некои, пак, сакаат да запалат цигара, а други имаат навика да пијат шолја чај затоа што мислат дека тоа ќе им помогне да ја сварат храната.

Сепак, многу од овие навики ви прават повеќе штета отколку корист. Еве пет работи што треба да ги избегнувате веднаш по оброкот.

Јадење пред спиење

Ова воопшто не е препорачливо бидејќи оброкот нема да се свари доколку заспиете веднаш по неговото конзумирање. Исто така, дремењето веднаш по оброкот не е релаксирачко.

Туширање

Миењето после оброк го одложува варењето. Крвта околу желудникот за време на туширање тече во други делови од телото наместо да го помага варењето.

Пиење на чај

Чајот е кисел и влијае на дигестивниот процес. Ако консумирате протеини во оброкот, киселината од чајот ќе ја зацврсти содржината на протеините, што ќе го отежне варењето. Пиењето чај веднаш по оброкот исто така ќе ја попречи апсорпцијата на железото од телото. Избегнувајте чај еден час пред и после оброците.

пушењето

Се вели дека пушењето после оброк е еквивалентно на пушење десет цигари. Точно или неточно, пушењето е лошо за вашето тело и никогаш не треба да пушите.

Консумирање на овошје

Различна храна се вари со различни стапки. Прво јадете овошје бидејќи најлесно се вари. Овошјето треба да се јаде еден час пред оброк или два часа по оброкот. Овошјето нема да се вари добро ако го јадете веднаш по оброкот.