Овие седум физички симптоми ви укажуваат дека сте во депресија: „Да ги препознаете навреме, може да си помогнете!”

Симптомите на депресија може да бидат сложени и многу варираат од личност до личност. Лицето кое страда од депресија може да се чувствува тажно, безнадежно и да изгуби интерес за работите во кои претходно уживало, известува NHS.

Освен одредени психолошки симптоми кои повеќето луѓе првенствено ги поврзуваат со депресијата, има и физички кои многумина ги игнорираат.

Како што објаснуваат експертите, физичките симптоми често се едни од првите знаци на депресија кај една личност. Тие предупредувачки знаци дополнително го комплицираат секојдневниот живот на болната личност, а нивното разбирање може да помогне во навременото препознавање на оваа тешка состојба.

Тие симптоми се:

– замор;

– промени во апетитот;

– недостаток на енергија;

– проблеми со спиењето;

– необјасниви болки во телото;

– намалено либидо;

– промени во менструалниот циклус.