Овие три хороскопски знаци не можат лесно да го пронајдат својот љубовен партнер: Опсесија со поранешните, трка во кариерата – еве што најмногу ги блокира

Дознајте кои жени според хороскопот се предодредени сами да се соочат со староста. Народот ги нарекува како „стари моми“, а обично едноставно немаат среќа да ја најдат вистинската личност со која ќе го поминат животот заедно…

Астролозите пресметале на кои знаци од хороскопот им е најтешко да се одлучат за брак – или им се случува доцна или воопшто не!

Стрелец

Слободата е пред се! Водени од оваа идеја, директните Стрелци минуваат низ животот непочитувајќи ги општествените норми, често одбивајќи да се омажат или да стапат во врска само затоа што е „така треба да биде“. Ако навистина се венчаат, тоа е обично подоцна во животот. Сепак, потребата за слобода не е единствената причина.  Факт е дека претставниците на овој хороскопски знак се прилично ранливи и ако се соочиле со предавство на рана возраст, ќе страдаат длабоко во себе со години. Затоа не можат да му веруваат на партнерот до крај, колку и да изгледа сигурен. 

Јарец

Прагматични и вредни, Јарците воопшто нема да размислуваат за брак додека не наполнат некоја возраст. Нивните мисли најчесто се насочени кон кариерата – и додека другите знаци на хороскопот трчаат кон „дома“, за да ја пронајдат таа друга половина, Јарците брзаат да се искачат по скалата во кариерата. Секако, тоа не значи дека се бездушни кариеристи, но не треба да се романтизираат, ниту да им се припишуваат квалитети кои ги немаат. Јарецот не е знак кој попрво ќе избере топла, семејна вечера отколку важен деловен состанок.

Водолија

Во нивната суштина, Водолиите се вистински осаменици. Често се случува првата љубов да ја доживеат многу длабоко, да и се посветат максимално, а и по раскинувањето да му останат верни на првиот партнер. Не треба да се венчаат само „за ред“, ако тоа веќе не се случило со личноста која им значела најмногу. Затоа или се венчаат рано или се мажат на подоцнежна возраст, но тогаш нешто друго е главниот критериум. Тие избираат партнер не за љубов, туку за комуникација.