Овие хороскопски знаци постојано бараат внимание во врската и не можат да го поднесат кога не го добиваат

За некои знаци, љубовта е тивка, стабилна и не бара премногу потврда. А потоа има и такви кои живеат за внимание – пораки, прегратки, комплименти и постојаното чувство дека се центар на вашиот свет. И додека ова им дава сила и сигурност, вистината е дека тешко се справуваат со чувството дека се запоставени. Ако почувствуваат дека не се на прво место, драматичните реакции се неизбежни.

Овие три знаци се познати по тоа што им е потребно внимание како воздух во врската. И кога не го добиваат тоа, тоа не е тивко разочарување, туку сериозен проблем.

Лав – има потреба од потврда дека е сакан секој ден

Лавовите не бараат внимание – тие го очекуваат. За нив, љубовта значи восхит, пофалба и чувство дека се посебни. Ако нивниот партнер ги зема здраво за готово или не ги забележува нивните гестови, Лавовите го доживуваат тоа како лична навреда.

Иако ќе се обидат да го сокријат тоа со самоуверено однесување, всушност тие се многу чувствителни на недостаток на внимание. Ако ги сакате – кажувајте им го тоа често. Покажете им дека ги цените и не штедете на комплименти. За Лав, вниманието е знак на љубов.

Близнаци – тие сакаат постојан дијалог и интеракција

Близнаците ја сакаат комуникацијата и размената на мисли. Кога се заљубени, сакаат да бидат во постојан контакт – и ако помине премногу време без порака или одговор, брзо стануваат несигурни.

За нив, вниманието значи да ги слушате, да одговарате, да се смеете на нивните шеги и да ги вклучувате во сè. Ако чувствуваат дека им здодевате или дека не ви е гајле за нивните мисли, може да се фрустрираат – или да почнат да бараат внимание на друго место.

Вага – има потреба постојано да се чувствува емоционално поврзана

Вагите се шармантни, топли и љубезни, но исто така се исклучително чувствителни на атмосферата во врската. Ако почувствуваат дека нивниот партнер не е емоционално присутен, се повлекуваат во тишина… и пасивна агресија.

Иако изгледаат смирени, внатрешно ги обзема сомнеж. Им требаат знаци на внимание – мали знаци на нежност, пораки без причина, потврда дека се сакани. Ако не ги добијат долго време, се чувствуваат отфрлени и запоставени. И кога Вагите го губат чувството за поврзаност, врската честопати оди надолу.