Овие ЧАЕВИ најбрзо ЗАТОПЛУВААТ и штитат од вируси – Со минимален број состојки, направете супер пијалок
Доколку и вие имате проблем да се загреете во студените есенски и зимски денови, покрај квалитетна исхрана и сон, потребно е и редовно да се хидрирате за да бидете што поотпорни на влијанието на зимата. Покрај ова, користете ги чаевите кои ви се достапни, а еве кои најмногу греат и помагаат во овие ситуации.
Можеме да кажеме дека зимата е веднаш зад аголот. Додека го чекаме снегот, подгответе се за постудените денови кои претстојат. Еве предлози за два пијалоци кои можете да ги подготвите, а кои брзо ќе ве загреат, добар е дури и за луѓето кои се многу чувствителни на зимата.
Потребно е:
- цел корен од ѓумбир
- литар вода
- мед и лимон по желба
Подготовка:
Во тенџере зовријте вода. Излупете го коренот од ѓумбир и исечете го на прстени. Кога водата ќе зоврие, додадете парчиња ѓумбир. Треба да се готви 10-15 минути. После тоа време, тргнете ја тавата на страна и покријте ја. Оставете да отстои уште 15 минути, а потоа процедете го чајот. Чајот е најдобар кога се пие сам, без никакви додатоци. Ако не ви се допаѓа, додадете мед и лимон.
Пијалок од јаболка
Јаболката убаво измијте ги, исушете ги, па неизлупени исечете ги на многу тенки прстени. Наредете ги на хартија за печење и ставете ги во рерна на многу ниска температура или на 100 степени ако рерната е со топол воздух.
Кога јаболката ќе се исушат на врвот, превртете ги и повторете ја постапката. Сувите јаболка сварете ги десетина минути со малку цимет, па оставете ги да отстојат покриени уште десетина минути. Процедете.
Бојата на овој чај зависи од бојата и количината на јаболката, а за еден литар вода потребни се 4-5 големи јаболка. Ако веќе сушите јаболка, добро е да исушите поголема количина што можете да ја јадете како здрав чипс од јаболка или да ја зачувате во хартиена кеса за правење чај некое друго време. Важно е само добро да се исушат.
Јаболката може да се сушат и на собна температура, но сушењето трае подолго. Пожелно е јаболката да се неизлупени. Нема потреба да додавате шеќер во чајот од јаболка. Наместо тоа, одберете слатки јаболка, а ако веќе не сте пиеле незасладен чај, засладете го со малку мед.