Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат љубовен процут на пролет: Дали сте меѓу нив?

Пролетта официјално пристигнува во календарот на 20 март, а некои членови на Зодијакот ќе најдат љубов. Оваа пролет ќе доживеат страстен период кој целосно ќе им го промени животот.

Овен

profimedia-0946235266.jpg

Влијанието на Венера ќе биде добро во текот на месец март и ќе ви помогне да ја одржите хармонијата во односите. Ќе ги активира сите ваши социјални контакти и ќе бидете мотивирани да внесете љубов и шарм во вашата врска. Вашата посветеност и лојалност во љубовниот живот ќе бидат ставени на тест во текот на месец април поради влијанието на Северниот јазол, а новата врска започната во тој период нема поволна перспектива.

Влијанието на Марс во текот на мај и јуни ќе ве направи исклучително страсни, а ќе има и многу романтични моменти. Љубовта ќе доминира во поголемиот дел од јули, но не дозволувајте тривијалните работи да ви ја уништат врската во средината на овој месец.

Рак

На почетокот на април ќе добиете помош од Јупитер, па ќе почувствувате олеснување бидејќи се е во ред во врската и страста е во пораст, а љубовта ги бои сите ваши интеракции. Кога ќе се појави нервоза и несогласувања, избегнувајте да употребувате остри зборови и да донесувате избрзани одлуки, за да спречите несакани дискусии и ескалација на недоразбирањата.

Марс во текот на мај укажува на мешани позитивни и негативни чувства. Запомнете, што и да кажете, дејствувате или реагирате ќе остави траен ефект врз вашата сакана.

Девица

profimedia-0946235314.jpg

 Периодот околу средината на април носи радост и свежина во љубовниот живот и вбризгува силна љубовна енергија во врските. Во средината на мај, Сатурн навестува помали семејни или партнерски кризи. Но, во втората половина од месецот, Венера носи нова перспектива, што ќе доведе до среќни средби со вашите најблиски. Во текот на јуни, Меркур ги зајакнува односите преку меѓусебно разбирање, додека Јупитер носи позитивни одговори од партнерите.