Нова студија која анализирала над два милиони случаи покажува драстично зголемување на „раниот рак“ претежно на дојката, дебелото црево, бубрезите и матката, со скок од дури 80% помеѓу 2010 и 2019 година.
Жените се особено изложени на ризик, со дури 63% од овие видови на рак .
Ракот , кој некогаш се сметаше за болест на постарите лица, сè повеќе ги погодува помладите луѓе, предупредуваат експертите.
Иако смртноста не се зголеми значително, бројот на дијагностицирани случаи кај младите луѓе е зголемен, особено за рак на матката, дебелото црево и тестисите. Истражувачите веруваат дека главните причини се современиот начин на живот: дебелина, лоша исхрана, намалена физичка активност и промени во репродуктивните навики, како што е подоцнежното раѓање деца.
Експертите истакнуваат дека е потребно да се започне со скрининг порано, што новите медицински упатства веќе почнаа да го спроведуваат. Глобално, случаите на рак во рана фаза се зголемија за 79% од 1990 до 2019 година, а смртноста за речиси 28%, а развиените земји како САД и Канада се водечки.