Овие 6 работи никогаш не ги правете на гости: Многу се груби, еднa е голема навреда за домаќинот а многу луѓе го прават тоа упорно

Дали има некои правила на однесување или шема што треба да ги следиме? Тоа во голема мера зависи од тоа дали домаќинот е некој ваш близок или не и дали се работи за опуштено кафе или свечена вечера, но познавачите на бонтон тврдат дека во секој случај треба да избегнувате некои груби потези при посета на туѓ дом. И еве ги!

1. Допирање и поместување на предмети

„Кога некој ќе ви каже „Чувствувајте се како дома“, обично не го мислат тоа буквално. Не треба да ги ставате стапалата на масата или на софата, освен ако не е многу близок пријател, и не треба да го отворате фрижидерот освен ако тоа не го побара домаќинот. Секогаш чекајте домаќинот да ви даде зелено светло пред да преместите или подигнете некој предмет. Или барем побарајте дозвола од него пред да го направите тоа“, советува Џоди Р.Р. за HuffPost

profimedia0168894069.jpg

2. Искористување на добредојде

„Најчестата поплака што луѓето ни се жалат е дека гостите предолго остануваат и го искористуваат нивното добредојде. Мора да знаете кога е време да заминете. Обрнете внимание на говорот на телото на домаќинот и дали е уморен или под стрес, дури и ако се чувствувате дека сите добро се забавуваат“, истакнува Ник Лејтон, експерт за бонтон и коавтор на подкастот за манири Were You Raised by Wolves?

3. Пристигнување со ненајавено друштво

„Никогаш не се појавувајте со неочекувано и ненајавено друштво, т.е. не носете неочекуван плус еден гостин“. „Секогаш прашувајте пред да внесете некого во туѓ дом“, вели Дајан Готсман, авторка на бонтон и основач на Тексас Протокол школа.

4. Не информирање на домаќинот за храната што не смеете да ја јадете
„Доколку сте поканети на ручек или вечера, сите ограничувања во исхраната треба да се наведат однапред, а не кога ќе седнете на маса. Не можете да очекувате оброк да биде вегански или без специфична храна што ви пречи или на која сте алергични. Кажете му на домаќинот што е можно поскоро за потенцијалните проблеми со храната”, вели Смит.

women-druzenje.jpg

5. Непочитување на желбите на домаќинот кога е во прашање (не)облекувањето

„Нема правила во бонтонот за тоа дали е потребно да ги соблечете чевлите или не – сè е многу индивидуално. Следете го тоа што претпочита вашиот домаќин“, нагласува Смит. Сепак, таа додава дека домаќините кои инсистираат да ги соблечат чевлите мора да имаат спремни папучи за гостите, и да покажат разбирање доколку гостинот одбие да ги соблече.

6. Пристигнување со празни раце

„Како гостин треба да дојдете со мал знак на благодарност за домаќинот“, истакнува Смит. Сепак, не постојат правила за тоа каков треба да биде тој подарок. Тоа може да биде букет цвеќе, чоколадо или шише пијалок – вниманието е важно.”