Овој витамин може да ви помогне да ги запомните сите работи за кои сте сонувале

Секој сака да сонува убави соништа, но не сите се сеќаваат што сонувале

Научниците истакнуваат дека одреден витамин може да ни помогне да се потсетиме што сме сонувале без да имаме дупка во сеќавањата, тоа е витаминот Б6.

Земањето витамин Б6 пред спиење им помогна на некои луѓе да ги запомнат своите соништа.

Истражувачите од Универзитетот Аделаида набљудувале 100 луѓе, од кои половина земале витамин Б6 пред спиење, додека другите земале плацебо.

Оние кои земале витамин Б6 нагласиле дека нивните соништа биле појасни и полесно запаметени и не ја губат меморијата во текот на денот, 

Авторот на студијата, Денолм Аспи, открил дека витаминот Б6 не влијае на луѓето кои имаат луцидни соништа.

Тој додаде дека ова е првпат некој да го проучува влијанието на витаминот Б6 и другите Б витамини врз соништата.

Витаминот Б6 се наоѓа во храната (интегрални житарки, леќа, банани, авокадо, спанаќ, домати, млеко, сирење, јајца, црвено месо).

Не се сеќаваме на соништата бидејќи тогаш не се активира долгорочната меморија.