Овој влијателен човек стои зад Карлеуша: Моќниот Србин пред кого сите треперат беше со неа дури и кога таа уживаше со Душко (фото)

Сигурно е дека Јелена Карлеуша каде и да се појави остава силен впечаток и се грижи сите погледи да бидат вперени во неа, а сите што ја следат забележаа дека речиси никогаш не се појавувала во јавност без маж.

Тој е вистинскиот страв и трепет на балканската јавна сцена, сите треперат пред него, а беше покрај неа и за време на љубовта со Душко, еднаш дури и зборуваше за нивната врска.

Станува збор за Зоран Бирташевиќ, менаџер на пејачката, но и пријател кој ја следи долги години. Зоран е дипломиран стоматолог, а со Јелена работеше на еден куп проекти меѓу кои и долгоочекуваниот и најавуван нов албум на Карлеша. Секој што барем еднаш влегол во нивните профили на социјалните мрежи можел да види куп фотографии и видеа од заеднички турнеи, прослави и патувања.

„Малкумина од нас имаат среќа да запознаат пријател за цел живот, пријател кој се жртвува и се бори за нас како татко, брат… Пријател во добри времиња, а најмногу во лоши. Имав среќа, запознав човек кој стана моја најголема поддршка, придружник и брат“, напиша Јелена минатата година на својот Инстаграм, зборувајќи за Бирташевиќ.

„Човек кој стана мој најверен соработник во оваа земја каде што доживувам само воздржаност, недоразбирање, напади и медиумски линч. Никој не се бореше за мене, освен мајка ми, тетка ми и Зоки“.