Овој глумец беше фатален за женскиот род: Ја изневерил сопругата со нејзината најдобра пријателка, децата со години не разговарале со него (фото)
Познатиот актер Роџер Мур се прослави во улогата на Џејмс Бонд во дури седум филмови. Таа улога ја одбележа не само неговата кариера, туку и неговиот живот. Сепак, неговите улоги не се единствените кои оставиле трага во неговиот живот. Освен на нив, акцентот беше ставен на неговиот исклучително атрактивен љубовен живот.
Тој ја запознал својата прва сопруга, врвен лизгач, Дурн ван Стајн, кога имал само 17 години . Иако таа беше шест години постара од него и веќе беше мајка, тоа не им застана на патот на нивната љубов. Мур веднаш се заљубил во Дурн, до тој степен што дури научил да лизга и само за да и’ се доближи.
За жал, неговиот прв брак не траеше, а вториот пат ја проба среќата со пејачката Дороти Скваерс. Имено, се зборува дека завршиле заедно во кревет истата вечер кога се запознале. Нејзината љубов кон него била толку голема што решила да го направи актерска ѕвезда и својата пејачка кариера да ја стави на пауза. И покрај нејзината жртва, Мур брзо се заљубил во својата колешка Луиза Матиоли, пишува Стил.
По разводот, Дороти била толку многу вознемирена што во една прилика ги скршила сите прозорци во куќата во која Мур започнал нов живот со Луис . Нивната приказна заврши со тужба, но спорот не одеше во корист на Дороти.
И покрај сите турбуленции, љубовта меѓу Мур и Луиза успеа да опстане, која ја овековечија со бракот во 1969 година во Лондон. Од нивната љубов се родија три деца, но за жал, во 1993 година, по 24 години брак, оваа љубовна приказна заврши како и сите претходни.
Имено, Мур се вљубил во најдобрата пријателка на Луиза, Кристин Кики Толструп. Како што и се очекуваше, нивното пријателство престана да постои, а Матиоли проговори за тоа дури откако ја објави книгата „Ништо не трае вечно“.
Како Дороти, така и Луиза реагирала доста бурно, велејќи дека Мур е мртов за неа, и дека нивните деца не разговарале со него со години. Не е познато дека Мур често се рекламирал во медиумите, но во една прилика навистина рекол дека ја сака Кристин затоа што е „организирана, мирна и полна со љубов и мир“.
За жал, по долга борба со ракот, Мур почина во 2017 година.