Овој град беше најпосетен во 2024 година! Го виделе над 32 милиони луѓе 

Според Euromonitor International, најпосетуван град во светот во 2024 година бил Бангкок, главниот град на Тајланд.

Бангкок беше на врвот на листата на Euromonitor International.

Следат Истанбул, Лондон, Хонг Конг, Мека, Анталија, Дубаи, Макао, Париз и Куала Лумпур.

Овие податоци покажуваат дека најпосетуваните градови во светот во 2024 година забележале значителен раст, одразувајќи ги трендовите во развојот на патувањата, но и промената во преференциите на патниците.
Бангкок имал дури 32,4 милиони меѓународни пристигнувања, додека Истанбул е на второ место со 23 милиони посети. Минатата година Истанбул беше на врвот на листата со 20,2 милиони пристигнувања.

Бангкок е познат по живите улици, ноќниот живот, украсените храмови и богатото културно наследство. Главните атракции на градот, како што се Големата палата, Ват Арун и пазарот Чатучак привлекуваат голем број посетители.

Бангкок

Со бројни туристички промоции, Бангкок имаше приближно 32,4 милиони меѓународни пристигнувања во 2024 година, што е значително зголемување во споредба со претходните години.

Најдобро време за посета на Бангкок е од ноември до февруари. Во овој период од годината, имено, овој град може да се доживее на најдобар можен начин.