ОВОЈ ДЕТАЛ ОТКРИВА СЕ! Дали Путин користеше двојник во Мариупол !? За многумина нема дилема, а доказот го наоѓаат во детал што не може да се сокрие (фото/видео)

Претседателот на Русија, Владимир Путин, викендов замина во ненадејна посета на окупираните територии во Украина, а со тоа „врати во живот“ многу од тврдењата дека тој може да користи двојник. Критичарите укажуваат на еден дел од неговото тело за да ја докажат својата поента – неговите уши.

Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, опколениот украински град што Владимир Путин го посети, напиша на социјалната мрежа Телеграм дека – „Владимир Путин односно еден од неговите двојници бил во ноќна посета на окупираниот регион – а не самиот Владимир Путин. Иако заговорот може да звучи лудо, има елементи на вистина во него: Понекогаш се користат политички мамки на меѓународната сцена – а луѓето можат тоа лесно да го видат во конкретниот случај“.

Потсетуваме дека во интервју за Daily Mail, првиот човек на воената разузнавачка служба на Украина, генерал-мајор Кирил Буданов, кажа дека рускиот претседател користи тим од негови двојници. Тој исто така кажа дека тие порано го менуваа Владимир Путин само во посебни прилики, но по инвазијата на Украина тие станаа вообичаена практика за Кремљ.

Конкретно знаеме за три двојници, но не знаеме колку се вкупно“, истакна Буданов во интервјуто во октомври и додаде: „Сите имале пластична операција за да личат колку што е можно повеќе на него. Една од работите што ги открива нив е нивната висина. Тоа е видливо на видеата и фотографиите. Но, исто така, говорот на телото и ушите – нешто што е уникатно за секој човек“.

Корисниците на социјалната мрежа Твитер наголемо шпекулираат дека ликот на Владимир Путин кој отишол во Украина не е вистинскиот, фокусирајќи се и споредувајќи го обликот на неговото уво со фотографиите од 2006 и 2018 година.

Иако тврдењата на Буданов за употребата на двојници за телото не можат да се потврдат. Од 1950-тите години, форензичарите користеа мерења на ушите за да ги идентификуваат осомничените, а во ерата на дигиталните алгоритми, угледниот Wired еднаш објави дека софтверот што ги идентификува луѓето по нивните уши може да биде поефективен идентификатор од, да речеме, отпечатоците од прсти.

Како што старееш, твоето уво не се менува – само станува се поголемо, но пропорциите остануваат исти“, изјави за BBC, Марк Никсон, експерт за компјутерска визија на Универзитетот во Саутемптон и водечки истражувач во препознавање уши. 

Во 2018 година, International Business Times ја нарече идејата дека Владимир Путин користи други ликови како – „една од најчестите теории на заговор“ – но скептиците не се убедени.