Овој лек го преполови ризикот од смрт од вообичаен тип на рак на белите дробови

Еден лек за рак на белите дробови го намалува ризикот од смрт за половина, покажа новото истражување.

Научниците велат дека „возбудливите“ резултати од испитувањето докажуваат дека осимертиниб ќе го зголеми преживувањето на илјадници пациенти, пренесува The Sun.

Работи така што ги блокира виталните рецептори кои им овозможуваат на клетките на ракот да апсорбираат енергија за раст. Лекот веќе се користи за некои пациенти, откако претходното истражување покажа дека го намалува ризикот од повторно растење.

Меѓутоа, 10-годишното истражување сега открива дека тој, исто така, спасува животи – кај оние кои го земале по операцијата за неситноклеточен карцином на белите дробови имаат „значително“ помали шанси да умрат.

д-р. Нејтан Пенел, од Американското здружение за клиничка онкологија, рече: „Тешко е да се опише колку е важно ова откритие и колку време беше потребно да се стигне до тука. Ова покажува недвосмислено, многу значајно подобрување во преживувањето“.

Водачот на испитувањето д-р Рој Хербст од Универзитетот Јеил рече дека е „воодушевен“ од резултатите од 682 пациенти во 26 земји, вклучително и ОК.

„Пред 20 години не можевме да направиме ништо за овие пациенти“, додаде тој.

Туморите на белите дробови се најголемата причина за смрт од рак во Велика Британија, со 49.000 случаи годишно.

Осимертиниб може да им даде драгоцено дополнително време на повеќе од 6.000 луѓе кои имаат тип на неситноклеточен карцином со мутација на генот EGFR, што е почеста кај непушачите.

Мутација на ген значи дека „прекинувачот“ што предизвикува раст на клетката на ракот е вклучен, но лекот може да го исклучи.

Истражувањето на д-р Хербст покажа дека 88 отсто од пациентите кои го земале лекот преживеале пет или повеќе години по операцијата на белите дробови, во споредба со 78 отсто од пациентите кои не го земале.

Тоа значи дека нивниот ризик од смрт е преполовен – од 22 проценти на 12 проценти.

Анџела Тери, претседателка на добротворната организација за пациенти EGFR Positive, рече: „Стапката на петгодишно преживување од 88 проценти е неверојатно позитивна вест. Осимертиниб ја менува играта во нашата заедница“.

Производителот на лекови AstraZeneca сега е подготвен да се заложи за уште поширока употреба во NHS.

Д-р Сузан Галбрајт, извршен потпретседател на компанијата, рече дека на Британија и треба подобро тестирање за да ги идентификува сите пациенти кои би можеле да имаат корист.