Овој напиток го зголемува ризикот од рак на дебелото црево! Експертите предупредуваат – една чаша е доволна

Студијата покажа дека дневното консумирање дури и 20 g алкохол, што е околу една чаша тврд алкохол, може да го зголеми ризикот од рак на дебелото црево за 15 проценти.

Студијата која опфати повеќе од половина милион жени откри дека дури 12.251 жена развиле рак на дебелото црево . Затоа истражувачите се обидоа да ги идентификуваат факторите кои го зголемуваат ризикот од развој на оваа непријатна болест.

Резултатите покажале дека внесот на 300 mg калциум дневно, што одговара на приближно голема чаша млеко од 240 ml, го намалува ризикот од рак на дебелото црево за дури 17 проценти. Од друга страна, консумирањето 20 грама алкохол дневно го зголемува ризикот за 15 отсто, пишува „ 
Мирор “.

– Ова е најдетална поединечна студија за врската помеѓу исхраната и ракот на дебелото црево и ја покажува заштитната улога на калциумот во спречувањето на оваа болест – изјави водечкиот истражувач д-р Керен Папиер.

Иако истражувањата сè уште се во тек, експертите веруваат дека лошата исхрана, ултра-обработената храна, дебелината и недостатокот на физичка активност играат клучна улога во зголемениот број случаи на рак на дебелото црево кај помладите луѓе .

Студијата анализирала 97 диететски фактори и нивното влијание врз ризикот од рак на дебелото црево кај 542.778 жени, а истражувачите заклучиле дека калциумот, без разлика дали е од млечни или не-млечни извори, значително го намалува ризикот.

– Здравата исхрана, редовното вежбање и откажувањето од пушење се најдобри начини за намалување на ризикот од рак на дебелото црево – нагласува нутриционистката Софија Лавс.