Овој симптом е најчест во зима – може да укаже на подмолна болест! Многумина не го препознаваат, а тој е опасен

Студените раце и стапала често се припишуваат на временските услови, но овој навидум безопасен симптом може да укаже на сериозен проблем – висок холестерол, кој го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. Еве на што да обрнете внимание!

Холестеролот е незаменлив дел од нашето тело и е клучен за нормално функционирање на секоја клетка. Меѓутоа, проблемот настанува кога нивото на холестерол се зголемува над нормалните граници , најчесто поради исхраната богата со масти. Ова може да доведе до формирање на наслаги во артериите, што ја намалува нивната проодност, зголемувајќи го ризикот од срцев и мозочен удар.

Она што го прави високиот холестерол особено опасен е фактот што тој обично поминува без 
симптоми . Многумина не се свесни за проблемот додека не се појават сериозни кардиоваскуларни болести. Редовното проверување на холестеролот преку анализа на крвта е еден од клучните чекори во превенцијата, но често се занемарува поради брзиот начин на живот.

Четири предупредувачки знаци

Според порталот SurreyLive и профилот @perfect_wellness на TikTok, постојат одредени симптоми кои може да укажуваат на покачен холестерол. Еве на што треба да внимавате:

  • Болка во градите
  • Ладни раце и нозе
  • Жолти нодули околу очите
  • Замор
@perfect_wellness 4 Signs You Have High Cholesterol #cholesterol #health #wellness #cardiovasculardisease #heartdisease ♬ Mysterious and sad BGM(1120058) – S and N

Ладни раце и нозе

Еден од најнеобичните симптоми е чувството на студенило или вкочанетост во рацете и нозете. Повеќето луѓе ја поврзуваат оваа состојба со слаба циркулација, но тоа всушност може да биде резултат на намален проток на крв предизвикан од таложење на наслаги во артериите. Оваа состојба е особено изразена во зима, кога студенилото често се припишува на временските услови.

 

Според експертите од Британската национална здравствена служба, високиот холестерол може да го зголеми ризикот од развој на периферна артериска болест. Оваа состојба се јавува кога масните наслаги во артериите го попречуваат протокот на крв во мускулите, предизвикувајќи слаба циркулација, вкочанетост и чувство на студ во стапалата или рацете. Ако ги забележите овие симптоми, задолжително посетете лекар за да го проверите нивото на холестерол, известува Getsurrey .

Видливи симптоми од генетско потекло

Луѓето со семејна историја на хиперхолестеролемија, генетско нарушување што предизвикува висок холестерол, често имаат потешки симптоми, вклучувајќи:

  • Оток во зглобовите на рацете или колената
  • Оток на Ахиловата тетива
  • Мали, жолти нодули во близина на внатрешниот агол на окото
  • Бледо бел прстен околу ирисот на окото
  • Хроничен замор

Бидејќи високиот холестерол обично не предизвикува очигледни симптоми, редовните прегледи се клучни. Доколку вредностите се покачени, лекарот може да препорача промени во животниот стил, како што се воведување здрава исхрана, откажување од пушење и редовна физичка активност. Во потешки случаи, неопходна е терапија со лекови.

Грижете се за вашето здравје – редовните тестови и промената на навиките може значително да го намалат ризикот од сериозни последици од покачен холестерол.