Овој утрински пијалок е уште појак од кафето! Веднаш ќе ве разбуди, но и ќе ви го исчисти целото тело!
Многу е важно денот да го започнете со здрава утринска напивка.
Доколку сакате брзо да го детоксирате вашето тело, овој напиток е се што ви треба. Наместо добро познатото утринско кафе , испијте пијалок од ѓумбир и лимон наутро и ќе почувствувате огромно олеснување.
Напиток од ѓумбир и лимон
Покрај тоа што е многу вкусен, овој напиток е многу брз и лесен за правење, а идеален е за детоксикација и утринско будење.
Ѓумбирот е моќен антиоксиданс и одличен е за детоксикација на организмот, а помага и при гасови и го забрзува варењето. Додека лимонот има диуретично дејство кое го поттикнува ослободувањето на токсините од телото, што го прави идеален за време на диета.
Состојки:
– 3 dlc вода,
– половина лимон,
– 1 см корен од ѓумбир
Подготовка:
Во 3 dcl вода додадете половина лимон и 1 cm корен од ѓумбир. Сето тоа измешајте го и оставете да отстои десетина минути на собна температура. После тоа испијте го пијалокот, најдобро би било одеднаш, ако не го оставите за подоцна.
Овој напиток може да послужи како детоксикација и подготовка за диета, но и како здрава утринска голтка која ќе ви помогне да го исчистите телото од насобраните токсини.