Овој човек се искачува на кула висока половина километар двапати годишно, а причината е неверојатна

Постојат одредени занимања во светот што не секој би ги правел бидејќи се или опасни или непријатни од различни причини. Таква е работата на техничар за висински работи кој е задолжен за кулата KVLY-TV – една од највисоките згради во светот.

Според Инстаграм страницата на Interesting things , таа кула се наоѓа во Бланшард ( Северна Дакота , САД) и е висока дури 629 метри.

Техничарите кои работат на висина, познати како „качувачи на кули“, вршат рутински инспекции и замена на сијалиците на врвот на кулата, што е клучно за безбедноста на воздушниот сообраќај. Искачувањето на такви височини бара исклучителна физичка подготвеност, техничко знаење и строго почитување на безбедносните протоколи.

Сосема природно, за толку тешка и одговорна работа, паричната компензација е исто така добра. Имено, просечната годишна плата за работници на оваа позиција во САД е околу 78.160 долари, со оглед на тоа што заработката може да варира во зависност од искуството и специфичните задачи.

Човекот на сликата двапати годишно се искачува на кулата висока 457 метри „само“ за да смени сијалица. Тој добива 20.000 долари за секое искачување.

Патем, кулата е изградена во 1963 година и долго време беше највисоката зграда во светот.

Оттаму се емитува телевизискиот сигнал за станицата KVLY-TV (канал 11), покривајќи површина од приближно 78.000 км².