Овој човек тајно купил огромно земјиште во САД, а се се криело од јавноста цела деценија: Како му дозволија да го направи тоа ?!

Минатонеделното откритие дека кинескиот милијардер и член на Комунистичката Партија е вториот по големина странски сопственик на обработливо земјиште во САД, предизвика гнев кај политичарите кои сакаат да знаат зошто купувањето на Чен Тианчиао од 85 милиони долари се чувало во тајност речиси една деценија.

Чен Тианчиао, ко-основач на Shanda Interactive Entertainment, купил речиси 200.000 хектари обработливо земјиште во Орегон во 2015 година по цена од околу 430 долари по акр, според Land Report, списание кое се фокусира на приватна сопственост на земјиштата во САД, објави NY Post.

Сепак, неговото купување земјиште не се појавува во владините записи за сопственост на земјиште купено од странски инвеститори, објави Daily Mail.

слика
Чен Тианчиао

Елис Стефаник, републиканска конгресменка од Њујорк, за NY Post изјави дека администрацијата на Џо Бајден „направила грешка“ кога станува збор за заштита на американското обработливо земјиште од „странски противници“.

Комунистичка Кина купува американско обработливо земјиште за да го поткопа нашиот суверенитет, да ја поткопа нашата земјоделска индустрија, да навлезе во нашите воени капацитети и да ги уништи руралните заедници во САД“, вели Елис Стефаник.

Сопственоста на Чен Тианчиао на земјиштето излезе на виделина минатата недела откако државата јавно именуваше една од неговите компании како вистински сопственик на имотот.

50-годишниот Чен Тианчиао поседува и куќа на Менхетен вредна 39 милиони долари, како и имот во Лос Анџелес, каде што живее, кој вреди 26 милиони долари. Тој се приклучил на Комунистичката Партија кога имал само 18 години, а наводно се искачил во извршните редови на партијата.

Минатата година Елис Стефаник и другите членови на Конгресот испратија писмо до Министерството за земјоделство на САД, повикувајќи на поголема претпазливост кога станува збор за странска сопственост на земјоделско земјиште.

Безбедноста на храната е национална безбедност“, напиша таа.

Фармерот од Монтана и сенатор Џон Тестер во петокот ги повтори своите барања до Конгресот да ја заштити домашната безбедност на САД.

Иако се појавуваат повеќе информации за деталите за оваа ситуација, тоа ја нагласува потребата Конгресот да направи повеќе за да ја заштити американската земјоделска безбедност“, порача демократот.

Елис Стефаник беше дел од групата која му пиша на секретарот за земјоделство Томас Вилсак во знак на протест против, како што велат, слабиот владин надзор над купувањето земјиште од странство.

Не е јасно зошто купувањето на Чен Тианчиао не се појавува во владините записи, имајќи предвид дека Законот за обелоденување на странски инвестиции во земјоделството бара од странските инвеститори да пријават секое обработливо земјиште во САД до Министерството за земјоделство во рок од 90 дена од трансакцијата.

Инаку, канадското семејство Ирвинг е најголемиот странски земјопоседник во САД, поседувајќи повеќе од 1,2 милиони хектари земјиште во Мејн.