Огнено црвено издание на Ева Лонгорија за крајот на фестивалот: Со фустанот ги истакна исончаните нозе
Со премиерата на филмот „Елементал“ беше затворен Канскиот филмски фестивал, а меѓу оние кои оставија впечаток на црвениот тепих беше и американската актерка Ева Лонгорија.Лонгорија се појави во неверојатен црвен фустан на Тони Вард до подот кој имаше страничен исечок за да ги нагласи нејзините исончани нозе.
Фустанот, кој го усогласи со црвени сандали на платформа, имаше златни детали по едната страна, кои го следеа деколтето.
Претходно за време на фестивалот актерката беше во центарот на вниманието поради облеката, а кога се појави на проекцијата на филмот „Стариот даб“ облече речиси целосно проѕирен фустан.
За оваа креација е одговорен либанскиот дизајнер Ели Сааб. Тоа издание го комплетираше со едноставна шминка, дотерување и накит.
Лонгорија пред неколку дена пристигна во Кан за да ја промовира козметичката компанија L’Oreal, чие заштитно лице е таа.
Таа моментално се подготвува за премиерата на филмот „Flamin’ Hot“, кој го режираше. Ова филмско остварување пристигнува во американските кина на 9 јуни.