ОГРОМЕН пламен проголта ЗГРАДА НА ПОЗНАТА НАФТЕНА КОМПАНИЈА Архитектот на повеќекатната зграда во Судан проговори: Ова е болно
Пожар избувна во 18-катница, која се смета за една од најпрепознатливите знаменитости на главниот град на Судан .
Не е познато што го предизвикало пожарот во кулата со стакло на нафтената компанија во близина на реката Нил, јавува Би-Би-Си.
Британската служба јавува дека за време на конфликтот меѓу армијата и ривалските сили во Картум биле опожарени неколку згради.
#Sudan is burning as a result of the ongoing conflict between the army and the RSF. A landmark skyscraper in Khartoum, the Greater Nile Petroleum Oil Company Tower, was engulfed in flames on Sunday. This is a tragic loss of a national symbol and a human tragedy. pic.twitter.com/qOFZCSXXsW
— News Hrs (@newshrstweet) September 17, 2023
„Ова е навистина болно“, рече архитектот на зградата, Тагред Абдин, во објава на мрежата Икс (Твитер).
#WATCH : Buildings caught fire in the Khartoum capital, Sudan 🇸🇩#Sudan #BuildingFire #Khartoum #Fire #BREAKING_NEWS #latest #latestupdates pic.twitter.com/1Bsoul01km
— upuknews (@upuknews1) September 18, 2023
Нема извештаи за евентуални жртви.
Конфликтот во Судан избувна во средината на април по неколкумесечна тензија меѓу суданскиот армиски генерал Абдел Фатах Бурхан и неговиот ривал, генералот Мохамед Хамдан Дагало, кој ги предводи паравоените сили на РСФ.