ОГРОМЕН СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ШПАНИЈА! Уапсени повеќе фудбалери на Реал Мадрид поради еротска снимка со малолетничка: Ова се деталите…
El Confidencial денес ја пренесе веста која ја шокираше целата планета.
Имено, полицијата уапсила најмалку тројца фудбалери на Реал Мадрид.
Како што пишува овој шпански весник, фудбалерите биле врзани со лисици поради еротска содржина во која има малолетничка, а видеото кружи низ платформите за допишување на тимот.
Имено, тројца играчи на шпанскиот гигант снимиле видео од врската со малолетно девојче и потоа го споделиле со соиграчите.
Засега не се знае кои фудбалери се уапсени, но El Confidencial напоменува дека не се работи за играчите на првиот тим, туку за младинската и резервната екипа.