Одвратен потег на Нетанјаху: Им наредува на војниците да постават звучници во Газа за да го емитуваат во живо говорот на ОН

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на војниците (ИДФ) да постават звучници низ Појасот Газа за да може неговиот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) да се емитува во живо.

Според израелските медиуми, во наредбата конкретно се наведува дека говорот треба да се емитува во живо за „нејзините жители“.

Војската изрази противење на наредбата, бидејќи таа би барала од нив да ги напуштат своите позиции и да влезат во областите на Појасот Газа што ги изложуваат на зголемен ризик од напади од страна на оперативците на Хамас.

Се наведува дека армијата нема да го отфрли барањето и се подготвува да го емитува говорот на Нетанјаху низ цела Газа.

Воен претставник за „Хаарец“ изјави дека овој потег е чин на психолошка војна.

Се претпоставува дека Нетанјаху првенствено ќе се фокусира на остра критика на западното признавање на независна палестинска држава во својот говор пред Обединетите нации.