ОДГОВОРОТ НА БЕНЈАМИН НЕТАНЈАХУ ШТО ГО ЧЕКАШЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ – Еве дали израелската Армија ќе остане во Појасот Газа и по војната ?

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, претходниот ден порача дека израелските одбранбени сили (ИДФ) не планираат да задржат војници во Појасот Газа по војната, дури и ако Израел ја задржи безбедносната контрола над Појасот Газа во догледна иднина.

Бенјамин Нетанјаху за американското радио NPR изјави дека е потребна реформа на цивилната администрација во Појасот Газа бидејќи мора да се запре финансирањето на тероризмот.

Бенјамин Нетанјаху нагласи дека Израел нема да може да прифати никого кој ги дели целите на Хамас, кој ги учи палестинските деца дека Израел мора да биде уништен. Премиерот на Израел посочи дека во Појасот Газа ќе мора да има цивилна Влада, објави Times of Israel.