Матилда Кром, млада жена од Манчестер, помина низ тешка битка со Кроновата болест, која резултираше со драматични промени во нејзиниот живот.
Матилда Кром (24) се справувала со Кронова болест, а нејзините симптоми на почетокот изгледале нормални. Се започнало со надуеност и гасови кога имала 14 години, а првите проблеми се појавиле на одмор во Италија.
Бидејќи била на одмор, претпоставила дека надуеноста е резултат на богатата италијанска кујна. Меѓутоа, бидејќи поплаките продолжиле и по враќањето дома, таа решила да посети лекар , но дијагнозите биле неодредени – лекарите мислеле дека се работи за менструална болка или синдром на нервозно дебело црево.
Крвта во столицата ме исплаши
Ситуацијата не се променила додека Матилда не забележала крв во столицата, што ја вознемирило и укажувало на посериозен проблем. Нејзиното здравје набрзо станало толку лошо што морала да ги полага испитите од креветот во нејзиниот дом во Манчестер, а покрај неа бил професорот.
Во тој период Матилда ослабела 38 килограми и за малку ќе го загубила животот поради сепса која настанала како последица на инфекцијата. Новите лекови ѝ помогнале да се опорави, а во октомври 2023 година решила да си го исполни сонот и купила комбе со кое тргнала во авантура. Таа ги посети Шпанија и Мароко, враќајќи се дома во февруари 2024 година. По враќањето, Матилда беше подложена на операција за отстранување на дебелото црево и прицврстување на тенкото црево на нејзиниот ректум, а сега се надева дека наскоро ќе патува повторно.
Поради здравствени проблеми, Матилда моментално е неспособна за работа, но се присетила на периодот кога и било најтешко.
– Одев во тоалет и до 30 пати на ден. Кога забележав крв во столицата, помислив дека имам рак и дека ќе умрам. Постојано ми велеа дека се е во мојата глава. Кога конечно ја добив дијагнозата, плачев со олеснување. За време на моето опоравување, го открив качувањето и веднаш се заљубив во спортот. Качувањето беше клучен дел од моето закрепнување – изјави Матилда.