Откако ОН ја усвоија Резолуцијата за Сребреница, Арбен Таравари рече дека тоа е одлука што им оддава почит на ОН, но и на човечката совест и додаде дека се надева оти оваа одлука ќе послужи како потсетник дека ничија слобода не треба да се нарушува.
„Денеска ОН донесоа одлука која им оддава чест на нив и на човечката совест! Беше изгласано 11 јули да биде прогласен за „Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година“.
Ја честитам оваа одлука и нека оваа одлука послужи како ѕвоно кое ќе не потсети дека ничија слобода не треба да се нарушува“, напиша Таравари.
Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата за признавање на геноцидот во Сребреница.
За резолуцијата гласаа 84 земји, 19 беа против, а 68 беа воздржани.