“ОДЛУЧНА ПОБЕДА“ – Израел тестира нов концепт на војување: “Успехот може да биде – молскавичен!“

Во саботата наутро, од Појасот Газа беа извршени ненадејни масовни напади врз Израел, по што премиерот на оваа земја, Бенјамин Нетанјаху, веднаш реагираше објавувајќи им на граѓаните: „Ние сме во војна“.

Премиерот најавува дека одмаздата на Израел за смртоносните напади на Хамас во саботата ќе го промени ликот на Блискиот Исток.

Она со што ќе се соочи Хамас ќе биде сурово и страшно“, порача Бенјамин Нетанјаху во понеделникот. 

Со големите воздушни напади во Појасот Газа, министерот за одбрана се закани дека ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија, храна и гориво во тесниот крајбрежен појас што го контролира Хамас.

Ситуацијата на Блискиот Исток беше коментирана на социјалната мрежа X (Твитер) од Франц-Стефан Гади, истакнат воен аналитичар и експерт од Институтот за стратешки студии во Лондон.

Секоја воена операција што ќе биде започната во иднина за прв пат ќе тестира некои од основните принципи на новиот оперативен концепт ‘Одлучна победа’ на израелските одбранбени сили (ИДФ), за кој нашироко се дискутира“, вели тој.

слика

Тој објасни дека ИДФ го разви концептот на „Одлучна победа“ („Decisive victory“) во текот на изминатите години со цел да ги победи дифузните терористички организации со ракети способни да постигнат ефект со молскавична брзина. 

Успехот или неуспехот на концептот може да ги информира другите Армии за некои идни војни“, тврди Франц-Стефан Гади.

Тој истакна дека „решавачката победа“ има за цел да ја скрати секоја војна со брзо уништување на способностите на непријателот. За второто, неопходно е да се постигне надмоќ на информации, да се мапира воениот систем на непријателот, кој вклучува идентификување на клучните лидери, движења на единиците итн.

Франц-Стефан Гади истакнува дека овој оперативен концепт се заснова на маневар.

Станува збор за тоа дека ова веќе не е маневар во кој доминираат резервисти како во минатите времиња, туку еден вид микс, кој се состои од добро обучени активни единици кои интегрираат голем број способности на првите борбени линии“, напиша тој.

Одлучна победа“ се должеше на стравот од проширувањето на фортификацискиот систем долж границата, но и како резултат на ефективноста од претходните акции, додека ветувањата за нови технологии (првенствено вештачка интелигенција) за овозможување одлучувачки маневри беа потценети.

Тој понатаму пишува дека „Одлучна победа“ е изградена врз истата премиса како и многу нови воени оперативни концепти на НАТО изградени околу операции во повеќе домени – т.е. де факто операции за комбинирано вооружување поддржани од вештачка интелигенција со дисперзирани сили со поголема автономија со примена на дистрибуирана точна огнена моќ .

ИДФ ја формираше единицата ‘Дух’ како експериментална формација за тестирање на некои од предлозите за ‘Одлучна победа“, тврди експертот.

Единицата „Дух“ би требало да ја претставува иднината на израелските одбранбени сили, барем во однос на идната структура на силите на ИДФ – од страна на застапниците на новиот оперативен концепт.

Затоа секако за одбележување во овој поглед е и фактот што командантот на единицата ‘Дух’ е убиен на почетокот на оваа воена кампања“, нагласува воениот аналитичар.

Од различни причини, вклучително и одложувањата со новата петгодишна програма ‘Моментум’ започната во 2020 година, сегашните сили на ИДФ не личат на визијата ‘Одлучна победа’. Сепак, некои од неговите елементи може да се најдат во сите единици и организации“, вели тој.

Франц-Стефан Гади објаснува како е главниот проблем со „Одлучна победа“ и сите други слични концепти на НАТО – можеби делумно се покажаа со теророт во Израел во последните денови.

Постигнувањето информативна супериорност над непријателот можеби всушност не е изводливо. И што да направите ако не успеете да го постигнете некое време или доживеете целосен пораз ? Целиот концепт околу поагилни дисперзирани формации кои можат брзо да се распоредат и кои применуваат дисперзирана огнена моќ се распаѓа. Исто така, пропаѓа и планот за брзо завршување на конфликтите“, тврди тој.

На крајот, Франц-Стефан Гади заклучува каков епилог може да произлезе од таквата ситуација.

Може да бидете заглавени со тешки услови на бојното поле, што ја зголемува веројатноста вашата акција да биде продолжена. Ова е ситуација за која структурата на воените сили, а можеби и општеството во целина, воопшто не е подготвена“.