„ОДМАЗДАТА СИГУРНО ЌЕ ДОЈДЕ“ Првата дама на Украина жестоко ги нападна Русите: Тие не се луѓе (ФОТО)

Олена Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Твитер реагираше на синоќешниот ракетен напад врз станбена зграда во Умањ, во кој загинаа три лица, а најмалку осум беа ранети.

Првата дама на Украина објави неколку фотографии од станбена зграда погодена од руски проектил. Уман се наоѓа на околу 215 километри јужно од Киев.

– Русите намерно уништија дел од станбена зграда. Луѓето се под урнатините. Ова е толку страшно што изгледа како нереално – напиша Зеленска.

– Луѓето не можат да им го прават тоа на другите луѓе. Но, Русите можат. Моето сочувство до семејствата на жртвите. Одмаздата сигурно ќе дојде – напиша таа.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека ракетите биле лансирани од руски бомбардери Т-95, додавајќи дека украинската противвоздушна одбрана соборила 21 од 23 проектили и два беспилотни летала.